8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСемејството и полицијата трагаат по 39-годишниот Александар од Берово.

Семејството и полицијата трагаат по 39-годишниот Александар од Берово.

По пријава од семејството, полицијата трага по исчезнатото лице Александар Черговски од Берово, кој живее и работи во Германија.Неговото семејство информира дека тој пред три месеци тргнал од Германија за Македонија поточно во Берово, а последен пат е регистриран од камерите на граничниот премин Табановце.

-Почитувани претставници на медиумите Ве замолувам да ја објавите веста за исчезнувањето на нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски со прекар МАЛИ Радио МК. Имено тој од Германија е излеен на 18.02 2021 год со цел да дојде во Македонија поточно во Берово во својот дом . Последна информација е дека ја преминува МКД граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола , но од тогаш му се губи секоја трага.Веднаш е алармирано во Полицијата а известен е и Интерпол од страна на семејството кое живее во Берлин.Ги замолувам сите пријатели кои имаат било каква информација за него да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање – велат од неговото семејство.

Според наши извори, лицето на граничниот премин слегол од автобусот и тргнал пеш во непознат правец, од каде му се губи секаква трага.

Од СВР Штип го потврдија случајот и рекоа дека се работи на пронаоѓање на лицето.

-По пријава на Итерпол од Германија, секторот за меѓународна полициска соработка во МВР, постапува по пријавата за пронаѓање на лицето, каде што се направени контакти и проверки на неколку локации – додаде Гордана Панајотова поппарол на СВР Штип.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...