10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Митко Јанчев на медицинските сестри им подари по еден рачен часовник.

Градоначалникот Митко Јанчев на медицинските сестри им подари по еден рачен часовник.

Директорот на кавадаречката болница, Коцев им посака добро здравје на медицинските сестри, укажувајќи на нивната улога посебно во услови на пандемијата од вирусот ковид-19, но и при вакцинацијата, затоа што се ангажирани од утро до вечер.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри го посети вакциналниот пункт во спортската сала „Јасмин“. Тој на медицинските сестри во пунктот, 24 на број, честитајќи им го денот, лично од него им подари по еден рачен часовник во знак на благодарност за активниот придонес во борбата со ковид-19.

Благодарност кон нив упати и директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.

– Општина Кавадарци и јас како градоначалник, заедно со директорот на кавадаречката болница, д-р. Диме Коцев, решивме да го посетиме пунктот за вакцинација, затоа што сестрите се неодвоива карика во функционирањето на здравствениот систем. Во овој пункт 24 медицински сестри дневно вакцинираат по 1.500 лица. Како благодарност за нивниот придонес кон зачувување за здравјето на граѓаните и нивната секојдневна пожртвуваност, лично од мене како донација им подарив по еден рачен часовник, по повод одбележувањето на меѓународениот ден на медицинските сестри – изјави Јанчев.

Директорот на кавадаречката болница, Коцев им посака добро здравје на медицинските сестри, укажувајќи на нивната улога посебно во услови на пандемијата од вирусот ковид-19, но и при вакцинацијата, затоа што се ангажирани од утро до вечер.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...