14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонка и Марјан со зелени гранки контролирале пожар и не дозволиле да...

Македонка и Марјан со зелени гранки контролирале пожар и не дозволиле да се прошири.

Македонка и Марјан со зелени гранки контролирале пожар и не дозволиле да се прошири. За ова попладнево информираа од Доброволното противпожарно друштво „Сашко Гешовски“ од Кавадарци.
– Членови на друштвото несакајќи ја започнаа противпожарната обука порано од предвиденото. Имено, Македонка Каракашова и Марјан Хаџи Мустафов кои се дел од „Тиквешките точакџии“ излегоа со велосипед со цел да уживаат во природа. На местото „Катуниште“ забележаа пожар и веднаш пријавија во Противпожарната единица во Кавадарци. Наместо да продолжат како што би направиле некои неодговорни лица, тие останаа на местото. Чекајќи ја противпожарната служба, го контролираа огинот со зелени гранки, со цел да не се прошири – информираа оттаму, поздравувајќи ја одговорноста, со надеж дека свеста ќе се пробуди кај сите и во иднина секој ќе дејствува одговорно како овие млади лица.

Пишува: Тазе.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...