10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМијалков нуди гаранција од 7,5 милиони евра за да се брани од...

Мијалков нуди гаранција од 7,5 милиони евра за да се брани од слобода

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, понудил гаранција од 7,5 милиони евра за да се брани од слобода, односно за да излезе од „Шутка“, дознава „Фокус“ од свои извори.

Засега, како што дознава „Фокус“, обвинителството се уште не дало мислење по барањето, но сумата е доста висока, поради што и се шпекулира дека е можно да се очекува согласност. Одлуката пак за тоа дали Мијалков ќе излезе на слобода за неколку дена треба да ја донесе совет во Кривичниот суд.

Во меѓувреме како што дознаваме, по поднесената гаранција, адвокатите на Мијалков ја повлекле жалбата доставена до Апелација, со која се жалеа на одредениот притвор до правосилност на пресудата за случајот „Трезор“. За оваа информација не добивме потврда од адвокатите, бидејќи не одговараат на нашите телефонски повици.

Мијалков пред еден месец беше осуден на 8 годишна казна затвор за случајот „Трезор“.

Инаку засега се уште нема детали од Обвинителствот за предистрагата поврзана со бегството на Мијалков, што се случи пред изрекувањето на пресудата за „Таргет и Тврдина“. Тогаш тој исчезна на 48 часа, по што самиот се појави и тврдеше дека бил болен.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...