7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаРано е да не се носат заштитни маски на отворено а лицата...

Рано е да не се носат заштитни маски на отворено а лицата под 40 години ќе почекаат за вакцинација

На денешната прес конференција во изјава за медиуми, министерот за здравство изјави дека смета дека сè уште е рано да не се носат маски на отворено.

Тој истакна дека уште најмалце една недела е потребно време за да се одлучи за понатамошно олабавување на мерките, односно наредниот понеделник кога ќе се направи пресекот на две недели.

Во врска со вакцините пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство Венко Филипче.

Тој минатата недела рече дека по направениот пресек на 30 април, сите пријавени ќе добијат термини до 15 мај, а денес го продолжи тој рок до понеделник, односно до 17 мај, но рече дека приоритет ќе имаат повозрасните оти по направениот пресек на крајот на април се пријавиле уште 9.000 лица над 70 години кои дотогаш не биле пријавени.

„До утре или до понеделник сите пријавени ќе добијат термини. Акцентот ќе биде на новопријавените лица над 70 години, за да се заштити прво оваа категорија. Помладите е можно подолго да почекаат. Границата ќе биде 40 години. Тие под 40 години нешто повеќе ќе почекаат“, рече министерот Филипче.

Тој повтори дека на некои пунктови се вакцинирале и дваесетгодишни и триесетгодишни оти била исцрпена бројката на повозрасни граѓани пријавени за вакцина.

„Во некои општини поради помал број постари пријавени граѓани, добиле термини за вакцина и помлади, но еве пак ставаме акцент на повозрасните кои подоцна се пријавиле“, објасни министерот.

Преку системот за вакцинација досега се пријавиле околу 160.000 граѓани.

Денес во земјава треба да пристигнат 40.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“ за која се уште важи препораката да не се дава на лица помлади од 60 години, а утре ќе стигнат 100.000 дози од „Синофарм“, донација од кинеската армија.

Во текот на месецов треба да пристигнат и 500.000 дози од кинеската вакцина на „Синовак“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...