19 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Дали и вакцинираните ќе носат маски?- Филипче вика ДА, Пановски вика нема...

Дали и вакцинираните ќе носат маски?- Филипче вика ДА, Пановски вика нема потреба?!

Translate (Eng):[gtranslate]

Дали ова лето ќе носиме маски? Дали треба да бидат задолжителни за оние лица кои примиле 2 дози вакцина? Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се уште е рано да се тргнат маските.

Но докторот Никола Пановски смета поинаку- Според него маска на отворено не треба да носи ниту еден граѓанин ако има услов да држи дистанца, без разлика дали се вакцинирал или не.

-На отворено не треба никој да носи маска, особено ако не се во некоја гужва, ако се на растојание поголемо од два метри, доколку не чекаат ред некаде, како на пример ред во банка, на автобуска станица. Тоа е сосема непотребна мерка, од која нема никаков ефект, освен лош психолошки ефект за граѓаните – коментира Пановски.

РЕКЛАМА

Со ова темпо на вакцината, Пановски смета дека до крајот на годинава земјава би стекнала колективен имунитет.

-Пандемијата ќе заврши следната пролет доколу не се појават нови мутации отпорни на вакцината. Можен е мал бран есенски, како што има за сите респираторни болести, но нема да биде трагичен како овие два што ги преживеавме, -вели Пановски за Сител.

- Реклами -