14.6 C
Ohrid
сабота, јуни 12, 2021
Почетна Македонија Од општина Аеродром велат поисплатливо било да се затрупаат фонтаните со земја...

Од општина Аеродром велат поисплатливо било да се затрупаат фонтаните со земја и да се посадат цвеќиња, отколку да се одржуваат.

Translate (Eng):[gtranslate]

Сите фонтани на територијата на Општина Аеродром, кои според проценката на локалната власт се нефункционални, ќе се наполнат со земја и во нив ќе се насадат цвеќиња и други растенија. На тој начин Општината, како што велат од таму, ќе заштеди на скапото одржување на фонтаните.

– Адаптацијата има не само економска логика, туку и еколошка! Имено, фонтаните кои се стари повеќе од 10 години (во случајов 12), се неисплатливи (скапи) за одржување. Токму затоа, во развиениот свет се адаптираат во зелени (еколошки) оази. Кој прошетал-видел и знае! Кој не, ете има шанса да види и научи. Накратко, ја носиме најдобрата европска пракса дома – се вели во објаснувањето од Општина Аеродром на стотината коментари под објавата дека некогашната фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ е претворена во катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја.

Градоначалникот Златко Марин пак, на својата фејсбук страна тврди дека ова се прави по барање на граѓаните.

РЕКЛАМА

– Се одлучивме за ваквиот чекор поради барањето од граѓаните од тој дел на општината. Во наредниот период хортикултурно ќе ги уредиме и другите нефункционални фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови – напиша Марин.

- Реклами -