8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаБлагодарение на припадници на полицијата и пожарникарите, повредената Велешанка беше носена на...

Благодарение на припадници на полицијата и пожарникарите, повредената Велешанка беше носена на раце по тежок и стрмен пат.

spot_imgspot_img

Припадници на полицијата и пожарникари ја носеле повредената по тежок и стрмен пат а екипата на итната помош, и помогнала на жената на лице место

Посетувајќи го Црн Камен, каде велешани после Велигден, одат за здравје и среќа, велешанка вчераутро, сабота, тешко се повредила. Според информациите на повеќе служби, настанот се случил околу 8,30 ч. кога 55 годишната жена се лизнала и паднала. На лице место, на Црн Камен била екипа на Итната помопш и ја дала неопходната нега на повредената.

„Вчера, претпладне на одделот за хирургија од страна на Итната Медицинска Помош донесено е лице на 55 годишна возраст повредено при случаен пад. Пациентката се здобила со скршеница на десен лакт и скршеница на десен скочен зглоб, истата прегледана од дежурен ортопед, оперативно третирана и задржана на одделот за ортопедија за понатамошно лекување и доиследување“ – кажа –др Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во извлeкувањето на пациентката учестувала екипа на Итната медицинска помош, на противпожарната единица и велешката полиција. Тие ја носеле жената по тежок и стрмен пат од Црн камен до регионaлниот пат Велес- Градско, од каде била префрлена во Велешка Болница.

ти реков ми рече

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...