5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНапад врз медиумски работник да се третира како напад врз службено лице

Напад врз медиумски работник да се третира како напад врз службено лице

МИА) – Закани по живот, физички напади, вербални злоупотреби и навреди преку социјалните мрежи, полека но сигурно стануваат секојдневие на новинарите и медиумските работници ширум државата. Соочувањето со вакви напади не само што претставува сериозен предизвик, туку во голема мера го загрозува и нивниот интегритет и личното достоинство. Културата на неказнивост останува длабоко вкоренета во нашето општество, со оглед на фактот дека од вкупно 14 регистрирани напади кои се случиле во текот на минатата година, само еден завршил со институционална разрешница.

Во најава се измени во Кривичниот законик за поголема заштита на новинарската фела, со кои нападот врз медиумските работници ќе добие ист третман како нападот врз службени лица. Измените се веќе објавени на ЕНЕР, а во собраниска процедура треба да се најдат до крајот на месецов.

Свое искуство за МИА споделија дел од медиумските работници кои при вршење на своите работни задачи, се имаат соочено со физички напади, закани или навреди.

Милка Смилевска, новинарка од Ал Џазира Балканс, во септември минатата година се соочила со напад при следење на протест организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Во момент кога земав изјава од двајца демостранти и во моментов кога почнав да разговарам со еден од демонстрантите, едно момче од позади грб ни се обрати, нè праша дали сте од Ал Џазира, веројатно нè препозна, мојот колега снимател одговори „да“, и во следната секунда осетив како некој ми ја удри раката во која го држев микрофонот и микрофонот ми падна долу на земја, објаснува Смилевска за МИА.

Таа посочи дека поради тоа што се работело за протест и имало премногу луѓе, полицијата не била во можност да го пронајде напаѓачот.

– Но знаете како, новинарска работа, фокусиран си да го проследиш настанот, да обезбедиш информација. И едноставно се откажав од тој прв момент и почнавме да ја работиме работата со снимателот, тој да снима, јас да го следам протестот, но не ме фаќаше место и си реков дај да пробам да го пронајдам напаѓачот, кој после откако ме нападна, откако падна микорофонот, немаше ни храброст да се соочи со мене, додава новинарката.

Сепак, како што појаснува, набрзо го забележала повторно и го снимала со мобилен телефон, при што напаѓачот се почувствувал загрозено.

– Тој се почувствува загрозен, почна да се движи, да бега на некој начин. Најдов полицаец и директно му се обратив, му реков: „Господине полицаец, овој дечко пред малку ме нападна, јас сум новинар на Ал Џазира Балканс“. Веднаш полицаецот реагираше, го задржа со друг полицаец, го упати во полициска станица, вели новинарката.

Смилевска додава дека со напаѓачот е извршен разговор, а и таа самата била повикана во полициска станица да даде изјава. Верува дека напаѓачот добил прекршочна пријава и е изведен пред суд, со што, како што посочува, му е пресудена одредена парична казна.

– Да ви кажам искрено во тој момент лично имав голема сатисфакција што момчето заврши во полициска станица, едноставно да се соочи со законот, со правдата со системот, да сфати дека не може како ќе му текне да напаѓа новинари додека се на задача, тоа е во секој случај е недозволиво, затоа што ние на тие места сме не заради наша желба, туку заради неопходноста, потребата, природата на нашата професија и да се ја завршиме професионално работата која работиме и сме ја избрале, додава Смилевска.

Аслан Вишкo е снимател во Медиумска информативна агенција кој исто така беше цел на напад на протестите, кои се случија годинава против пресудата за случајот „Монструм“, а организирани од семејствата на осудените.

Тој појаснува дека како снимател бил цел на гневот од страна на некои млади луѓе, кои биле во голема еуфорија од протестот.

– Бев цел на напад на тие протести, за жал. Пред излегување имавме брифинг на колегиумот на работа, како би можеле најефикасно да известуваме оттаму, без последици од самите протести. Но, за жал, се случи тоа што се случи, бев цел на напад од некои млади, кои што беа веќе во некоја еуфорија и потпаднаа на тие еуфорични моменти и јас како снимател бев цел на нивниот гнев, додава Вишко.

Тој за МИА посочува дека се има соочено со многу вакви искуства во текот на својата работа, а како што вели, уште поголема е разочараноста и револтот кај снимателите, дека тоа ќе продолжи и во иднина.

– Првата цел на напад е снимателoт, затоа што веројатно некоја психологија игра од другата страна и тој гледа дека има камера и снима нешто, па мора да биде тој кој што ќе биде неутрализиран поради некоја негова замисла. Иако по настанот се јавија здруженијата на новинарите, синдикалните организации, ресорното министерство, вработените, сите ми дадоа, на мене и другите колеги огромна и безрезервна поддршка која што за понатака нè прави многу посилни и непоколебливи, додава Вишко.

Според него, добро е снимателите да имаат одбележје, како на пример елек со прес лого напред или позади, евентуално фосфорни, и капа, со што ќе биде јасно видливо од спротивната страна дека некој си ја работи легално својата работа, дека е пратен да известува, а некој го чека неговото известување.Мери Јордановска, новинар во А1он, за МИА го објасни случајот во кој се има соочено со навредливи и заканувачки пораки преку социјални мрежи.

Таа вели дека имала волја случајот да се истера до крај, посочувајќи дека уште една нејзина колешка била навредувана од истото лице, па дополнително се зголемила мотивација и кај институциите случајот да добие разрешница.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...