7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВаучери за туризам од 15.000 денари за здравствените работници, предлага ДОМ

Ваучери за туризам од 15.000 денари за здравствените работници, предлага ДОМ

ДОМ предлага до Владата, да додели ваучери за туризам на здравствените работници кои ќе бидат искористени во текот на 2021 година.

– Веќе втора година здравствените работници се изложени на максимален притисок во борбата со ковид- 19 вирусот, ризикувајќи ги своите животи и спасувајќи многу други со својата пожртвуваност и професионалност. Со подобрување на состојбата со пандемијата во нашата земја за прв пат се во можност да ги искористат своите годишни одмори и со своите семејства да одморат во нашите туристички места – велат од ДОМ.

Од таму велат декја ваучерите со висина од 15.000 денари би претставувале награда за нивната работа во ковид центрите и справувањето со пандемијата. Покрај можноста на здравствените работници за продолжен одмор оваа мерка ќе овозможи дополнителен број на ноќевања во туристичките дестинации, позитивно влијание во туристичкиот сектор и мултипликативен ефект во македонската економија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...