13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЛГБТ заедницата разочарана: Во Македонија сеуште сме дискриминирани, се плашеме јавно да...

ЛГБТ заедницата разочарана: Во Македонија сеуште сме дискриминирани, се плашеме јавно да искажеме љубов.

Неприфаќање од најблиските, потсмев од околината, закани, присоци па дури и напади се главните проблеми со кои се соочува ЛГБТ заедницата во земјава, вели активистката Изабела Јакимова. Ова е доказ, дека хомофобијата иако скриена, сепак во големи размери е присутна во нашето општество, вели таа.

Дека ЛГБТ заедницата во земјава се уште живее на маргините на општеството, се согласија и учесниците на денешната онлајн дебата по повод меѓународниот ден за стоп на хомофобијата.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир оцени дека говорот на омраза во земјава се уште е на високо ниво. Инситуциите се пасивни, а сторителите ретко се соочуваат со лицето на правдата.

Во таа насока министрите и пратениците велат дека преку законски решенија, прават се граѓаните да бидат еднакви пред законот.

Пред 7 месеци беше изгласан законот за заштита од дискриминација, а во собраниска процедура треба да влезе и Законот за матична евиденција со чии измени би се регулирале и прават на транродовите лица.

Инаку денес се одбележува Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.

извор: тв сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...