16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМомчето што сите го сожалувавме кога го малтретирааа во Кочани, повторно фатено...

Момчето што сите го сожалувавме кога го малтретирааа во Кочани, повторно фатено како краде. (Видео)

Малолетниот Ром од Кочани чиј татко неодамна се закани дека ќе у*ива , деновиве крадел низ куќи во Штип. Домашните камери на штипјанка го лоцирале како спокојно влегува и со украденото излегува од нејзиниот дом, пишува ТВ Стар.

– На ќерка ми тоа се случи што и ја ограбија куќата, но детето е од Кочани затоа што оперираше во Кочани а сега почна и во Штип. Пари, палта на деца, ранци, алишта, се собрал и мобилни, таблети, часовници се живо е собрано од дете што пред два месеца беше во Кочани чиј родител се закануваше со оружје и така. Ќерка ми има камери и се но сега децата се плашат, не смеат ни дома да си отидат за да спијат.

Со оглед дека снимките биле кристално чисти и на полицијата и била доставена веднаш по што таму констатирале дека се работи за малолетникот чии кражби во Кочани пред неколку недели направија вистинска збрка. Тогаш, тој при кражба на лице место беше фатен во населбата Трајаново Трло, а сопствениците не ја пропуштија приликата на малолетниот крадец да му покажат дека местото не му е таму.

Во јавноста се појавија снимки од кои се гледа како тие за стореното со него се пресметуваат.

На насилството врз малолетниот Ром молскавично одговори неговиот татко, кој со оружје преку социјалните мрежи се закани дека ќе се одмазди…

Полицијата реагираше и кога сите се надеваа дека малолетникот извлекол поука тој се појави во Штип и претпоставка е дека освен во куќата каде беше снимен оперирал и во многу други.

Без оглед на неговата идентификација и утврдените кражби од негова страна овој веќе искусен крадец поради годините сепак е на слобода.

– Чувството е ужасно, но најмногу ми е криво и болно за стресот на децата, меѓутоа уше поболно е што надлежните не реагирале соодветно, па му дозволиле повторно да се шета низ нашите домови. Го фатиле, признал дека краде и пак го пуштиле. Зошто?

– СВР Штип работи на целосно комплетирање и документирање на кривично правниот настан, по што ќе следи информација до јавноста, информираат од СВР Штип.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...