2.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаРокот повторно продолжен -Не се знае до кога ќе се гради автопатот...

Рокот повторно продолжен -Не се знае до кога ќе се гради автопатот Кичево – Охрид,

spot_img

Анексот за продолжување на договорот за изградба на автопатот следниот месец ќе се најде пред пратениците, а министерот за транспорт и врски тврди дека нема да има зголемување на цената на чинење.

Во Собранието следниот месец ќе биде доставен Предлог закон за анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, со којшто ќе се продолжи рокот за изградба, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Сѐ уште се преговара за колку време ќе биде продолжен рокот за автопатот што со сегашниот анекс на  Договорот со изведувачот кинески „Синохидро“ истекува следниот месец. Со новиот анексот не се предвидени дополнителни средства за реализацијата на проектот од сегашните проектирани 598 милиони евра.

– Во овој момент Јавното претпријатие за државни патишта преговара  заедно со Министерството за транспорт со изведувачите и кредиторите  до кога ќе биде реалниот рок за да се изгради овој автопат  и за да го продолжиме рокот. Но важно е дека дополнителни средства во овој момент не се предвидуваат – изјави Бочварски по вакцинирањето во Штип.

Прогресот на работите на автопатот изнесува 62 проценти, а Министерството за транспорт во изминатите месец и половина одобрило 20 од предвидени 70 инфраструктурни проекти за измени на трасата.

– Работите на автопатот се со прогрес од 62 проценти, тоа значи  дека од целата сума на чинење од 598 милиони евра на овој најголем инфраструктурен објект на државата се реализирани 62 проценти. Министерството за транспорт и врски во изминатите месец и половина одобри 20 инфраструктурни проекти, со што на 20 позиции даваме шанса за уште побрз развој на настаните и изградба  на овој автопат. Тоа за мене е многу значајно бидејќи од 70  инфраструктурни прокети што ни стигнаа за 70 измени на овој  пат веќе имаме одобрено 20 – рече Бочварски.

Автопатот од Кичево кон Охрид со должина од 57 километри  почна да се гради во 2014 година и според првичниот договор требаше да биде готов во 2018 година. Поради проблеми на трасата, рокот за изградба беше пролонгиран за јуни годинава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња.

Во духот на дарувањето и со цел да споделиме празнична радост и внимание, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на најмладите. Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението...

Беровчанец подарува месо и лекови за сите што неможат да си купат за празниците.

Неверојатно хуман гест за празниците прави беровчанецот Звонко Цонкински. Тој за сите што неможат да си го дозволат обезбедува месо од неговата фарма, тој...

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Македонија Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој Автор: Деск 4NEWS.MK 26/12/2024 13:07 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

Два пати силно заѕвони ѕвоното на Детска онкологија: Вукашин и Ана се нашите суперхерои

На Детската клиника за Онкологија два пати најсилно завони ѕвоното кое обележува крај на лекувањето од најлошата болест. Вукашин и Ана се нашите суперхерои...