7.4 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаСветСе разведе од мажот, па се ожени за свекорот, а сега имаат...

Се разведе од мажот, па се ожени за свекорот, а сега имаат и дете…

Ерика Кигл (31) од Херодсбург (Кентаки, САД) се омажи за нејзиниот поранешен свекор Џеф Кигл (60), откако претходно се разведе од сопругот, односно синот на Џеф.
Ерика открила дека кога се развела од сопругот Џастин во 2011 година, тогашниот свекор и понудил рамо за плачење.

Отпрвин, таа чувствува благодарност и заштита, а потоа нивната врска прерасна во љубов.

Тие се венчаа во 2018 година, а сега имаат двегодишно бебе. Таа има и син од првиот брак со синот на нејзиниот сегашен сопруг, кому Џeф сега му е и дедо и очув.

– Звучи неверојатно, но и двајцата само ја почувствувавме хемијата, а потоа и силната љубов што не можевме да ја скриеме. И покрај сè, нашата врска е совршена – изјави Ерика.

Нејзиниот поранешен свекор и сегашен сопруг вели дека во Ерика пронашол сродна душа, што не успеал во претходните шест децении од неговиот живот.

– Навистина уживаме во бракот и времето пред нас. Никогаш не ни пречеше разликата во возраста, ниту пак фактот што таа беше омажена за мојот син. Само што се заљубивме едни во други – рече Џеф.

Неговиот син Џастин исто така се прежени во меѓувреме, но старателството над детето го дели со Ерик и таткото Џеф.

Поранешната сопруга на Џеф и поранешната свекрва на Ерика исто така не гледаат проблем во овој брак на поранешниот свекор и снаа, напротив.

Им посака сè најдобро во животот и да имаат уште многу деца.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...