8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР ќе трага по битолчанките кои ги украдоа љубичиците од цветната леа...

МВР ќе трага по битолчанките кои ги украдоа љубичиците од цветната леа пред Безистенот.

МВР ќе трага по битолчаните кои ги обраа љубичиците од цветната леа пред Безистенот, откако Јавното претпријатие „Комуналец“ поднесе пријав во полиција. Вчера, на социјалните мрежи битолчани поставија фотографаии на кои се гледа како четворица битолчани полнат кеси со цвеќињата што вработени од „Комуналец“ ги извадија од леите за да направат промена на расадот.

Ова предизвика критики, некои обвинуваа дека се работи за кражба, а други дека им било дозволено од вработените да земат од цвеќињата.

Директорот на „Комуналец“ Панде Богоевски денес објасни дека тие никому не дозволиле да зема од цвеќињата од цветните леи, па ни кога се врши промена на расад.

„Цветниот расад е наша грижа и обврска и ни на крај на памет не ни е да дозволиме некој тоа да го прави. Ние постапуваме во рамките на законските надлежности. Случајот е пријавен евидентиран во МВР, па понатаму нека се постапува. Не може да се дозволи да се земат цвеќињата ни кога се врши сезонски промена на садниците. Ние тие садници што ги вадиме ги користиме за други места каде правиме пилот можности и проекти за разубавување. Ова беше вандалски чин, среќа не ни го оштетија системот за наводнување“, рече Богоевски.

Битола оваа пролет е разубавена со повеќе цветни леи со разновидни и разнобојни цвеќиња што во свој расадник го одгледува „Комуналец“. И претходно се случувале кражби на цвеќиња, но не групно.

Ж. ЗДРАВКОВСКА сдк.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...