8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЌе ве расечам и тебе и баба ако не ми дадете пари...

Ќе ве расечам и тебе и баба ако не ми дадете пари – Велчешанец се заканувал со нож

„Ќе ве убијам и тебе и баба ми и ќе ве расечам ако не ми дадете пари“. Вака 29-годишен велешанец ѝ се заканил со нож на својата мајка во неделата, по што велешкото обвинителство поведе постапка за загрозување на сигурноста.

Патем, како што соопшти Обвинителството, употребувајќи кон роднините вулгарни зборови, велешанецот го скршил мобилниот телефон на неговата мајка при нејзиниот обид да го пријави во полицијата.

Семејната драма продолжила и пред два дена, кога тој на истиот начин се заканил кон семејството.

„Имајќи предвид дека се работи за кривично дело кое е спротивно на моралните норми за семејните вредности и роднинските врски со оштетените, изразената настојчивост во неговото однесување спрема оштетените, до Судија на претходна постапка е поднесен Предлог за определување на притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес го прифати предлогот на обвинителството и на осоничениот му е определен притвор во траење од осум дена​“, велат од Обвинителството.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...