18.9 C
Ohrid
петок, јули 19, 2024
ПочетнаЕстрадаТијана Дапчевиќ проговори за реалните шоуа: Таму е исто како да си...

Тијана Дапчевиќ проговори за реалните шоуа: Таму е исто како да си ставил три камери на Одделние во Бардовци..

Пејачката Тијана Дапчевиќ рече дека веќе никогаш не би влегла во некое реално шоу по улеството во Парови и Фарма

„Тој филм нема да го гледате ни за милион години. Знаеш ли јас како ги доживувам тие реални шоуа кои моментално се емитуваат во Србија и кои се најгледаниот формат? Јас тоа го гледам како да си ставил три камери на Одделние Ц во Бардовци. Имам психолози кои го гледаат тоа и ги прашувам зошто, ми викаат како социолошки феномен. А луѓето кои ги гледаат, широките народни маси, си викаат: Види што има, јас сум супер“, вели Дапчевиќ кога гостуваше во „Бкестејџ“ каде .

Пејачката во минатото учествуваше во две реални шоуа, поточно во „Фарма“ во 2009 од каде беше исфрлена после пет дена учевство, а заедно со својот сопруг Милан Дапчевиќ го напуштија шоуто „Парови“ во 2011.

Своевремено, после исфрлањето од Фарма, пејчката за српските медиуми истакна дека никогаш не припаѓала на кланови и дека успеала во својата мисија да ги смири пејачките Цакана и Маја Николиќ. Тогаш исто така изјави дека ѝ недостигал синот и дека не успеала да се вклопи во средина каде луѓето само се расправаат.

Додека, пак, одлуката за напуштање на шоуто „Парови“ била донесена откако воочиле дека публиката повеќе не сакала да се дел од шоу-програмата и сакале таа желба да ја испочитуваат.

„Баравме од луѓето да не гласаат за нас, луѓето не гласаа за нас, изгубивме во гласањето и мислам дека е редно да си одиме дома. Само ви уживајте и понатаму, борете се, ние одиме дома, се забавувавме и за вас, сега сме врзани ко црева“, им порача таа своевремено на останатите учесници во реалното шоу.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Силно невреме го зафати Скопје: Кровна конструкција се заплетка на кабли од далновод.

Поради силното невреме кое го зафати Скопје, дел од кровна конструкција заврши на далновод. Кровната конструкција која ветрот ја оддува се заплетка во каблите од...

Украден калашников од полициската станица во Скопје

Во полициската станица во Карпош украдено е автоматско оружје „калашников“ брифираат извори на Порталикс. Информацијата ја потврди и МВР кои велат дека од 19 јуни...

При контрола на ноќен клуб во Тетово пронајдени 32 жени од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан

Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината...

Бајден е позитивен на ковид-19, ќе паузира од кампањата

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на ковид-19, потврди Белата куќа. Веста е објавена откако Бајден не се појавил на настан поврзан со претседателската...