9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЦиркуз: Фондот за здравствено осигурување постави непостоечки број, а ве повикува да...

Циркуз: Фондот за здравствено осигурување постави непостоечки број, а ве повикува да пријавите проблем??

Фондот за здравствено осигурување ги повикува граѓаните да пријават проблем. Сето тоа би било во ред, доколку бројот не беше непостоечки.

Граѓаните се жалат дека не можат да стапат во контакт на ниту еден начин со Фоднот за здравство.

„Фондот за здравствено осигурување на веб страницата има промотивен банер на кој повикува граѓаните да се информираат за нивното здравствено осигурување, но бројот кој е напишан е непостоечки“, истакна репортерката на ТВ21.

Меѓудругото на банерот повикуваат граѓаните да се информираат за различни проблем кои се соочуваат и тоа:

Како до свој избран (матичен) лекар и како да го замените ако не сте задоволни со услугата?
Дали, колку и за што треба да платите при преглед на третман кај Вашиот избран лекар?
Дали издадените рецепти и упати од избраниот лекар треба да ги платите?
Дали и колку треба да платите партиципација за лекот кој Ви е потребен?
Како најбрзо до рефундација на Вашите средства за лекови, потрошен материјал, ортопедски помагала и слично.
Од Фондот за здравствено осигурување велат дека проблемот ќе се реши за две недели. Додаваат на бројот 0800 33 222 може да се звони само од фиксен, не и од мобилен телефон. За неколку дена ќе бидат објавени два броја кои ќе бидат функционални за граѓаните во секое време, велат од Фондот за ТВ21.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...