8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаАмбасадорот на Косово одбива да замине од Скопје, физички ќе ја бранел...

Амбасадорот на Косово одбива да замине од Скопје, физички ќе ја бранел позицијата

Амбасадорот на Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај, одбива да го прифати указот од претседателката Вјоса Османи Садриу за негово разрешување и се заканува дека и физички ќе ја брани својата позиција, објави српскиот портал Новости.

Дедај ваква порака му упатил на новоименуваниот вршител на должноста амбасадор Приндон Садриу, сопруг на претседателката на Косово, кој досега беше советник во Амбасадата.

„Уставот и законите на Косово се Библија и Куран на косовското општество, пред кои сите би требало да бидеме немоќни“, порача на социјалните мрежи Дедај, поставен за амбасадор во Скопје од претходниот претседател Хашим Тачи во октомври 2018 година.

Османи Садриу, по предлог од Министерството за надворешни работи и за дијаспора, донесе одлука да бидат повлечени Дедај и уште 11 амбасадори именувани по политички клуч.

мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...