12.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЦените на плажа во Грција се исти, ама пусто е без македонски...

Цените на плажа во Грција се исти, ама пусто е без македонски туристи: Наташа Букусовска за протоколите и мерките за заштита

spot_imgspot_img

Цените на плажа во Грција се исти, ама пусто е без македонски туристи: Наташа Букусовска за протоколите и мерките за заштита
Иако Грција изминатиов викенд ги отвори границите за македонските граѓани, на граничниот премин Богородица имаше слаба раздвиженост. Грците со отварањето на границите се надеваат на солидна сезона и покрај коронавирусот и епидемиолошките мерки кои се применуваат.

Наташа Букусовска, македонка која издава апартмани на првиот крак на Халкидики, за Женски магазин вели дека би сакала да ја заборави минатата година.

-Ланската сезона?! Хм, искрено ниту сакам да зборувам, а најмалку да се потсетам како беше и колку жално, празно и пусто по плажите….Јас работам повеќе со туристи од Македонија и од Србија, и како што знаете Македонија беше затворена и искористивме сосема малку, колку-толку со српски и бугарски туристи“, вели Букусовска.

Откако македонските граѓани можат да влегуваат во Грција, таа се надева дека оваа сезона за сите што издаваат апартмани ќе биде подобра од ланската,но смета дека за да има успешна сезона, прво треба да се намалат цените на ПЦР тестовите.

-За да им олеснат на луѓето, и секој да може да дојде, треба да се намалат цените на тестовите а не да се покачуваат, како во Србија“, вели Наташа и ги коментира цените на услугите во Грција.

-Кај мене цените веќе 5 години се исти, а сега правиме и попусти за да ја олесниме ситуацијата и да можат повеќе туристи да си овозможат барем еден мал одмор од таа тешка година за сите. Цените по локалите се исти, нема покачување, но ама има мало покачување на цените на супер маркетите (постепено преку текот на целата година)“, додава Наташа.

Грчките власти најавија дека лежалки на плажите ќе се резервираат само со претходно испратена смс порака, но Букусовска не сака да верува дека тоа навистина ќе се случи.

-Ха, ха, не верувам дека такво нешто би направиле, со смс порака да одиш на плажа, и да зачуваш лежалка, тоа ми е смешно…Лани такво нешто немаше, ама сега сè можам да очекувам. Сè уште немаме известување за протоколите, ама мислам дека ќе бидат исти како ланската година. Дезинфекција на апартманите и после еден час со отворени прозорци и врати да можат да се сместат следните гости“, вели Наташа.

-Ве очекуваме да дојдете сите од Македонија ми недостасува нашето дружење..Со еден збор, сè е пусто без нашите туристи“, завршува таа.

Како што е познато, за да влезете во Грција, потребен е ПЦР тест, не постар од 72 часа или сертификат за примени две дози вакцина против ковид-19. Важно е од примената втора доза да се поминати 14 дена. За деца над пет години е потребен ПЦР тест. Преминот е отворен од шест до 22 часот.

М.Џаровска

Фото: Приватна архива

Извор: zenskimagazin.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...