9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЏевахир Хоџа oвчар од Албанија: Ме држат како заложник во гостиварско Топлица...

Џевахир Хоџа oвчар од Албанија: Ме држат како заложник во гостиварско Топлица…

Џевахир Хоџа, е еден од неколкуте Албанци кои избраа да работат на кое било поле надвор од Албанија за да обезбедат приходи за попристоен живот. Но, и покрај напорите за пет месеци во гостиварско Топлица, тој не само што не ја добил платата и долгот за сработеното во период од четири години, туку вели дека не му е дозволено да се врати во неговиот крај во Албанија.

„Дојдов да ги земам парите за сработеното четири години како овчар. Пет месеци сум тука. Не ми дозволуваат да се вратам во моето село Џир, Либражд (Албанија). Од јануари сум во Гостивар, ниту една плата не ми е исплатена“ – изјавил Хоџа за албанската телевизија Ора Њуз, пренесува „Слободен печат“.

„Кажете им на браќата да дојдат и да ме земат затоа што тој нема да ме пушти, ме држи како заложник”, додава тој.

Членовите на неговото семејство го потврдија губењето на контактот со Џевахир и неговата приказна.

„Пројдоа четири месеци од кога тој замина да ги добие парите и сега е во заложништво”, велат од неговото семејство.

Неговиот брат вели дека тој сè уште не го пријавил случајот во полиција, и дека не знае како да ја реши оваа ситуација.

„Не знам што да правам. Тој замина во јануари, сега е мај, четири месеци поминаа. Ние воопшто не комунициравме“, рече братот на Џевахир.

Ора Њуз успеа да го пронајде контактот на сопственикот на фармата каде работи Џевахир Хоџа, но тој не одговорил на телефон.https://www.slobodenpecat.mk/ovchar-od-albanija-me-drzhat-kako-zalozhnik-vo-toplicza-gostivar/

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...