8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаСветПобедниците на Евровизија ќе бидат тестирани за др*га по враќањето во Италија

Победниците на Евровизија ќе бидат тестирани за др*га по враќањето во Италија

Победниците од Евровизија, групата „Манескин“, ќе бидат тестирани за дрога по враќањето во Италија, соопштија од Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Од таму велат дека биле свесни за шпекулациите кои се појавија во јавноста по објавениот видеоклип и дека уште синоќа побарале од нов да бидат тестирани, но тоа не можело технички веднаш да се организира.

На еден кадар од синоќешниот ТВ-пренос, гледачите забележаа дека се чини оти Давид шмрка кокаин од масата, иако никаде не се гледа кокаинот.

На кадарот се гледа како Давид се наведнува на масата, а за тоа тој вели дека се наведнал оти еден од членовите на бендот скршил чаша крај неговите нозе. Од ЕБУ соопштија дека пејачот, доброволно се пријавил да направи тест за дрога по враќањето во Италија.

На прес-конференцијата после шоуто, Давид строго негираше дека се дрогира.

„Томас скрши чаша. Јас не користам дроги“, рече тој. Бендот и на „Инстаграм“ објави дека се против користење дроги и оти никогаш не земале кокаин.

„Подготвени сме да бидеме тестирани. Ништо не криеме“, напишаа тие.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...