6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНовинарот Мишко Иванов згрме по властите: Сте начукале патарини на секои 100...

Новинарот Мишко Иванов згрме по властите: Сте начукале патарини на секои 100 метри, a патиштата дупка до дупка..

Од пред две недели, Грција конечно ги отвори границите за туристите, а особено сите што ги интересира е како Македонците ќе можат да патуваат на одмор во соседството.

Плажите во Грција конечно се отворени, една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона. Но, посетителите мора да следат бројни правила.

Според официјалните информации за влез во Грција е потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак потврда за имунизација или потврда за антитела.

И додека многуте граѓаните и сопственици на туристички кампови едвај чекаа да се отвори сезоната еве каква е состојбата на плажите таму.

Инаку туристите прво мора да испратат СМС порака со код ако сакаат да резервираат лежалка на некоја од плажите.

Кога станува збор за мерките што се применуваат на плажите, тоа значи дека растојанието помеѓу комплетите- чадор и две лежалки, мора да биде најмалку 4 метри. Ова правило може да се прекрши само ако семејства со повеќе членови дојдат на плажа.

Вработените на плажата се должни да го дезинфицираат мебелот пред да им биде дозволено на новите гости да изнајмат чадор и лежалки, а исто така за персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба.

Музиката на плажа е забранета. Граѓаните ќе треба и добро да го подготват џебот за до граничниот премин „Богородица“ бидејќи до таму ги очекува дури пет патарини.

Првата е во Петровец и чини 40 денари, втората кај Сопот и чини 80 денари, третата кај Градско и чини 60 денари, потоа кај Демир Капија 80 денари и последната чини 100 денари и е во Гевгелија или вкупно во правец 360 денари или 720 во двата правци.

Токму околу патарините, дене3с на социјалните мрежи прилично луто, се огласи познатиот новинар од ТВ 24, Мишко Иванов:

„Како што сте начукале патарини на 100 метри по една, да си земете да си го средето автопатот Демир Капија – Велес. Срамота е.“

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...