6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаДавид Неделковски-козар: Никогаш нема да се вратам во град, овде во селото...

Давид Неделковски-козар: Никогаш нема да се вратам во град, овде во селото денот ми почнува со сите што ме сакаат- кучињата, мачињата, јарињата, козите, јарците, ластовичките“

Давид Неделковски е 30 годишен фармер, кој заедно со своето семејство, во селото Раштак, на Скопска Црна Гора, одгледуваат кози и вршат обработка на млеко и млечни производи. Давид за себе вели дека повеќе се чувствува како „козак“ – што во буквален превод значи „слободен човек“, отколку козар. Неговите зборови за семејната приказна ви ги пренесуваме во целост:

– Нашата е една од оние приказни за преселбата од град во село, ние тоа го направивме пред 10 – тина години. Селото Раштак се наоѓа во непосредна близина на Скопје, што е голема предност, но јас сè поретко се симнувам, поинтересно ми е времето да го поминувам на фармата или во планина, особено овој период кога почнува за збеснува вегетацијата и да цветаат билките. Некако ми е драго што се одлучив да ги поминувам деновите по истите пасишта по кои поминувал и мојот прадедо, и секако таму да се насладувам.
Давид раскажува дека после поминати десет години на село, речиси и да не се сеќава на тоа каков живот водел пред да се преселат во Раштак. Најверојатно вели, дека имал побезгрижен живот поради годините и свеста, односно стадиумот на времето. Во паметењето, како најдрага локација му е врежан Градскиот парк, каде повеќе практикувал седење на отворено и лежење на трева, отколку кафуле, и продолжува:

– Но, со тоа време расчистив, ми се допаѓа што го избрав овој свет, ми се допаѓа секој ден што ми почнува со сите што ме сакаат: кучињата, мачињата, јарињата, козите, јарците, ластовичките. Воопшто не ми е на памет да се вратам во Скопје, само го уживам кога ќе ми притреба промена, знам повремено да се симнам (сè помалку) на некое пивце и куса средба. Додека во Раштак има простор за многу креативност. Тука морам да им се заблагодарам на друштвото „Сметлана и комшиите“ за еко акцијата, мислам дека ќе следи уште една акција. Ни го извадија сиот срам, ќе се потрудам наредната акција да учествувам. Секоја чест!

 

„Ми се допаѓа што го избрав овој свет, ми се допаѓа секој ден што ми почнува со сите што ме сакаат: кучињата, мачињата, јарињата, козите, јарците, ластовичките“

 

Авантурата наречена „Кози Млеко Планина“

Да се донесе една ваква одлука, за драстична промена во начинот на живот, во најмала рака, буди многу дилеми. Долго време, во семејстовото Неделковски одлуката била предмет на дискусија, за на крајот, со гласање, по демократски пат, било изгласано да ја започнат авантурата „Кози Млеко Планина“, тоа е името на нивната фарма.

– Ова е правата пригода да им заблагодарам на моите родители за непрекинатиот труд и пожртвуваност кои што го вложуваат. Без било кој од нас, сето ова би било невозможно. На почетокот планот беше да се сработат козите и млекото и да се враќаме во град. Со текот на времето, почнавме сè почесто да остануваме и тоа е добро, на тој начин заживува нештото, раскажува нашиот Козак.

Кога се преселиле на село, Давид имал околу дваесет години, што за некои од неговите пријатели претставувало храброст, додека па други го сметале потегот за лудост. Сепак, за Давид било најважно да ја следи сопствената визија, иако се чувствува пријатно и мотивирано кога некој ќе го поддржи и охрабри, па вели:

– Пред десетина години на Козарството се гледаше како на дно… полека, но сигурно се менува таа перцепција и тоа е нормално, за мене лично ова премина во пасија, вистинско задоволство е дегустација на производите горе во планина со некоја квалитетна пијачка, помеѓу козите. Волшебно.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...