19.6 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Забава Јелена го изнајмува својот сопруг по цена од 500 денари за една...

Јелена го изнајмува својот сопруг по цена од 500 денари за една вечер, но позади сето ова стои хуман гест

Translate (Eng):[gtranslate]

Позади необичната објава на Фејсбук се крие хуман гест.

Јелена Малиниќ од Бач е подготвена да го отстапи својот сопруг на една вечер.

“Многу е интересен и гарантирам интересна вечера” стои во описот на нејзината Фејсбук објава. Од корисните податоци значајно е да се истакне неговата почетна цена. Според одлуката на Јелена, тоа изнесува 500 динари, односно 250 денари.

РЕКЛАМА

Таа појаснила дека својот сопруг го отстапува за викендите, бидејќи за време на работните тој е зафатен. Позади одрекнувањето во тие ретки прилики стои хуман гест.

Објавата која најпрво личи на шега е всушност хуманитарна лицитација. Нејизниот сопург, како што изјавила во телефонски разговор, знаел за идејата, се согласил да учествува, дури и седел покрај неа кога ја давала понудата.

“Ова го договоривме јас и мојата другарка Таа го стави својот, јас својот сопруг на лицитација за помош на Милица. Мораше да се направи нешто поинтересно за луѓето да се активираат, за да оди малку побрзо. Парите мора да се соберат преку ноќ”, вели за овој портал, додавајќи дека целта е остварена, дури и пред истекот на лицитацијата за вечера со нејзиниот маж која трае до денес до 16 часот.

“Ниту една жена не би го дала својот сопруг, нормално. Сето тоа е во хуманитарни цели”.
Вели дека за 12 годишната Милица преку ноќта стигнале околу 3.000 пораки.

“За неа парите беа најитно потребни. Затоа ја избравме. За шест месеци повторно требаат 13.000 евра. Тоа е за последната терапија” изјавила таа.

Синоќта броела како само од испратените пораки после објавата биле собрани околу 1.500 динари, а до денес попладне, неколку часа пред лицитацијата да биде завршена, највисоката понуда за вечер со Златко била уште 1.400 динари.

“Лицитацијата на мојата пријателка е готова. Доби уплатница од 3.000. И кај неа имаше многу испратени пораки. Таа прва лицитираше, па нејзиниот пост прв излезе – изјави наведувајќи дека првата објава поминала нешто подобро.

Значи, поствила вечера со својот сопруг на лицитација за помош на Милица, многумина ги поттикна да испратат СМС за помош на детето, на некои им ја поттикна фантазијата, испровицира малку шеги и ја подигна почетната цена за околу три пати.

Јелена посебно е почестена со учеството на својот сопруг во избор за најдобар сопруг во 2020. година. Вели дека уште седум хумани пара земале учество во натпреварувањето, и дека покрај секој од мажите, за кој се гласа преку СМС, се наоѓа број на едно дете за кое се собира помош. Со гласање за нејзиниот Златко и на таа објава се собираат пари за Милица.

- Реклами -