13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗоран Нацевски со солзи во очите: Мртвите ги пакуваа во црни вреќи...

Зоран Нацевски со солзи во очите: Мртвите ги пакуваа во црни вреќи пред мои очи, како да лежев во мртовечница a не во болница.. (Видео)

Најтешко, најболно и најморбидно за мене беше тоа што целиот процес на пакување на починатите во црни вреќи го правеа пред мои очи. Какво здравство сме ние? Немаме обичен параван? Медицинскиот персонал не е виновен, луѓето прават сè, но нивните ресурси се ограничени, раскажува 52-годишниот Зоран Нацевски.

Исплашен и разочаран, со солзи во очите, 52-годишниот Зоран Нацевски од Скопје пред камерата на ТВ Алфа раскажува низ какви маки поминал за да биде хоспитализиран, но и за пеколните моменти поминати во болница, особено првите три дена во ковид-центарот на Клиниката за ОРЛ.

Тој вели дека го живее вториот живот иако 26-дневната битка во ковид-центар со кислородна поддршка оставила трајни последици врз неговото здравје.

Најтешко, најболно и најморбидно за мене беше тоа што целиот процес на пакување на починатите во црни вреќи го правеа пред мои очи. Какво здравство сме ние? Немаме обичен параван? Медицинскиот персонал не е виновен, луѓето прават сè, но нивните ресурси се ограничени. Дојде медицинска сестра да ми мери температура и ми рече дека имам 36.7 степени. Тогаш ја замолив да ме допре со дланката за челото и веднаш сфати дека горам од температура. Тие немаат основни средства за работа. Тие ковид-центри беа мртовечници, јас за неполни три дена видов четири црни вреќи – раскажува Нацевски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...