13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОслободувањето од патарина за Србите важи само ако одат во Грција, ако...

Ослободувањето од патарина за Србите важи само ако одат во Грција, ако доаѓаат во Охрид ќе мора да си платат?!

Туристите од Србија кои ќе летуваат во Македонија сепак ќе плаќаат патарина, ослободувањето важи само ако одат во Грција, односно кога транзитираат низ нашата земја.

Од плаќање патарина летово ќе бидат ослободени само српските туристи кои одат за Грција, бидејќи подарокот од македонската влада како благодарност за донираните вакцини ќе важи за коридорот 10, од граничниот премин Табановце на српската граница до граничниот премин Богородица на грчката граница.

Останатите српски државјани, кои ќе одат во Охрид, преку автопатот Скопје-Гостивар, или во Дојран, преку автопатот Скопје-Штип, нема да можат да го користат подарокот од македонската влада.

На четирите патарини кон Гостивар не ни има уреди за електронско минување со претплатничка картичка, додека кон Штип – има.

Владата на вчерашната седница донесе одлука да се изработат 200.000 електронски картички за плаќање патарина за српските туристи и тие ќе им бидат давани на влез во Македонија на Табановце. На електронските картички ќе има 760 денари, колку што чинат патарините на автопатот од Табановце до Богородица, кажа денеска владиниот портпарол Душко Арсовски. Изработката на една картичка ќе чини 100 денари.

Вкупно, владата предвиде 172 милиони денари (2,8 милиони евра) за набавка на овие 200 илјади М-Смарт картички за електронско плаќање патарина. Ќе ги изработи Јавното претпријатие за државни патишта.

Ослободувањето од плаќање патарина ќе трае од 15 јуни до 15 август. Србија донираше 8 илјади вакцини на „Фајзер“ во февруари, а потоа во април уште 40 илјади вакцини „Спутник“. Исто така, во Србија се вакцинираа над 15 илјади македонски граѓани.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...