7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаОхрид“Охридски комуналец”: Нема да укинуваме 40 работни позиции, туку ќе вработуваме...

“Охридски комуналец”: Нема да укинуваме 40 работни позиции, туку ќе вработуваме нови 40 луѓе..

Откако медиумите објавиа дека “Охридски комуналец” укинува 40 работни позиции и ќе ги стави на листа за трансфер во други институции, побаравме одговор од претпријатието каде ќе се трансферираат и која е причината за тоа. Оттаму ни одговорија дека направиле техничка грешка.

“Ја известуваме јавноста дека во измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување бр.02-767/5 од 20.05.2021 год., направена е техничка грешка односно табелата број 3 два пати е внесена во планот ( на страна број 6 и страна број 9 ). На страната број 6 табелата е исправно напишана, додека грешката е на страната број 9 каде треба да стои „Дел 3, табела 6, планирани нови вработувања“. Истото е благовремено коригирано и доставено до Советот на општина Охрид. Јавноста ја информираме за оваа техничка грешка со цел да се избегне создавање лажна слика или да се креира непотребна тензија од одредени центри за одредени потреби. Ј.П. „Охридски Комуналец„-Охрид останува финансиски стабилно јавно претпријатие, со редовно измирување на обврските кон вработените и добавувачите, како и претпријатие со најсигурни работни места кои нема да се укинуваат”, се вели во објавата на нивната интернет страница, која ни ја испратија како одговор на нашето поставено прашање.

Баш штета за ова јавно претпријатие, наместо парите да ги насочи кон подобрување на чистотата во градот, одржување на депониите и зеленилото во градот, инвестиции во опрема, се реши повторно предизборно да вработува партиски војници, кои ќе го оптоварат дополнително буџетот, и кои граѓаните ќе ги плаќаат од своите џебови.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...