10.6 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласија од Фондот за здравство: Поисплатливо ни е да купиме нови...

Се огласија од Фондот за здравство: Поисплатливо ни е да купиме нови автомобили, отколку да го поправаме старите..

Од Фондот за здравство за Плусинфо објаснуваат дека не станува збор за луксузирање, туку дека возилата со кои располагале биле стари и многу се трошело за нивна поправка, па биле принудени да набават нови. Последен пат, како што велат од Фондот за здравство, купиле две возила во 2014 година.

Пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Стево Крстевски, директорот на Фондот за здравствено осигурување во време на здравствена и економска криза троши 82.600 евра за купување на две луксузни лимузини, наместо да обезбеди возила за потребите на Брзата помош.

Овие две скапи возила, од марката форд, модел „мондео титаниум“, како што тврди Здравковски, наводно биле наменети за директорот Крстевски и за неговиот заменик Фатон Ахмети. Пратеникот предлага власта наместо на луксузни автомобили за функционерите, парите да ги потроши на амбулантни возила за граѓаните.

Од Фондот за здравство за Плусинфо објаснуваат дека не станува збор за луксузирање, туку дека возилата со кои располагале биле стари и многу се трошело за нивна поправка, па биле принудени да набават нови. Последен пат, како што велат од Фондот за здравство, купиле две возила во 2014 година.

– Народот собира донации за лекување преку СМС пораки, лекари носат пациенти на раце затоа што нема амбулантно возило, недостигаат инсулин и „клексан“, а Крстевски од ФЗОМ купува луксузни лимузини. Ова се опишува со еден единствен збор „одлепени од реалноста“. Луѓе буквално умираат чекајќи пари за операции. За оваа клика на власта, од која дел е и Крстевски човечкиот живот очигледно не вреди пет пари, но затоа вредат луксузните лимузини на кои не штедат, ниту во време на криза – вели пратеникот Здравковски.

Тој се сомнева дека токму за вакво луксузирање во пандемија, власта сака да наметне повисоки даноци за да може да ужива на сметка на народот.

Претеникот од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Крстевски за луксузните возила вредни 82.600 евра, потпишал договорот за набавка минатата недела, односно на 20 мај.

– Бараме Крстевски веднаш да го раскине договорот за набавка на двете луксузни возила, а парите да се пренасочат за набавка на две амбулантни возила. Сигурно има возила со кои може да се вози Крстевски, и тие не мора да бидат нови, но амбулантни возила нема доволно, но наместо да чекаме на донации на приватни фирми ФЗОМ може да почне со откажување од луксузот за сметка на здравјето на граѓаните – предлага Здравковски.

Ирфан Лимани, директор на секторот за комуникации и административна поддршка на Фондот за здравство на прашање на Плусинфо за набавката на скапите автомобили вели дека при изборот на фирмата која ќе ги обезбеди возилата, Фондот се водел од критериумот најниска цена.

Тој потврува дека е склучен договор за јавна набавка на стоки-патнички моторни возила со архивски број 16-2935/- од 11.05.2021 помеѓу Фондот за здравствено осигурување и Друштвото за производство,трговија и услуги „МИ-ДА Гранд Моторс“.

– Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија последен пат има набавено две патнички моторни возила марка „skoda octavia ambition 2,0 Tdi“ за свои потреби на 20.03.2014 година. Возилата се набавени со Договор за јавна набавка на стоки-патнички моторни возила (архивски број 15-3187/13 од 20.03.2014) склучен помеѓу Фондot за здравствено осигурување на Македонија и „Порше Македонија“ ДООЕЛ. Овие возила, Фондот ги користи за потребите на Централата и на 30-те подрачни служби на ФЗОРСМ низ државата. Со оглед на тоа што двете возила имаат поминато над 300.000 километри, тие се крајно амортизирани и трошоците за нивно одржување се значително големи – вели Лимани.

Во Договорот за јавна набавка на стоки-патнички моторни возила од 11 мај годинава, како што објаснува Лимани, „МИ-ДА“ Гранд Моторс е обврзана да обезбеди стручен кадар кој ќе биде задолжен за сервисирање и одржување на возилата, да обезбеди бесплатна техничка проверка на исправноста на возилата на секои шест месеци. Потоа, предвидено е „МИ -ДА“ да обезбеди бесплатна промена, балансирање на летни и зимски пневматици (вкупно шест ротации) во овластениот сервис, да обезбеди сервисирање на возилата и потрошен материјал.

– Исто така, носителот на набавката е должен да обезбеди „шлеп служба“ на територијата на РСМ за период од три години , а за истиот овој период е должен во случај на дефект на возилата да ги отстранува дефектите што ќе се утврдат како фабричка грешка – велат од Фондот за здравство, но не го коментираат предлогот на опозицијата, наместо возила за директорите да набават амбулантни коли.

Предвидено е Владата да се поднови со 45 нови автомобили во кои ќе се возат владините министри и странските државници. Возилата ќе се набават преку оперативен лизинг, ќе се изнајмуваат на 36 месеци, што според Владата е економски поисплатливо.

Опозицијата смета дека станува збор за нерационално трошење на парите на граѓаните и тоа во услови на економска криза, но реагира и Центарот за граѓански комуникации според кој не постои економска оправданост на секои три години Владата да менува возила.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...