7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаУчениците нема да ја завршат учебната година ако наставниците не земат пари...

Учениците нема да ја завршат учебната година ако наставниците не земат пари за прекувремена работа, велат од СОНК

Учениците нема да може да ја завршат учебната година ако наставниците не добијат пари за прекувремена работа – предупреди СОНК. Од синдикатот ги повикаа училиштата, локалните власти и Министерството за образование до 1 јуни да ги исплатат наставниците кои работеле повеќе работни часови за време на пандемијата бидејќи во спротивно ќе се соочат со штрајк и неиздавање свидетелства за учениците.

„За време на пандемијата наставниците работеа повеќе, односно бројот на часови за настава им беше зголемен бидејќи децата беа поделени во две групи. За жал, власта и институциите не го препознаа зголемениот обем на работа на наставниците и не исплатија додатоци. Од Министерството за образование велат дека имаат префрлено средства за оваа намена на општините, но според нашите информации од терен, оттаму велат дека нема пари. Впрочем, нас не нѐ интересира дали има пари или не, важно ни е да се почитуваат законите“, изјави Јаким Неделков од СОНК.

Неделков рече дека се обратиле и до Трудовата инспекција, која според него не постапила професионално зашто не препознала дека наставниците работат двојна работа. А според информациите на СОНК, иста ситуација е и во градинките, каде што воспитувачите и негувателите се принудени да работат по 8 часа.

Веќе во некои училишта од Куманово била донесена одлука за штрајк ако до 1 јуни во платниот список не се пресметаат сите средства што се должат, изјави Неделков кој повтори дека учебната година нема да заврши за учениците од основното и средното образование.

.

.

360 Степени

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...