14.6 C
Ohrid
сабота, јуни 12, 2021
Почетна Забава Виолончелистка, со помош на музика им ја ублажува болката на тешко болните...

Виолончелистка, со помош на музика им ја ублажува болката на тешко болните луѓе во дом за стари лица.

Translate (Eng):[gtranslate]

Клер Оперт, виолончелистка од Париз, со помош на музика им ја ублажува болката на тешко болните луѓе во дом за стари лица.

Секој петок, 55-годишната музичарка, која студирала на Конзерваториумот во Москва, доаѓа во старскиот дом за со својот талент да им го олесни денот на оние што се борат со физичка болка и неизлечиви болести.

Мишелин Леру, која боледува од терминална форма на рак, вели дека чувствува болка цело време, но се чини дека музиката ја ублажува болката бидејќи таа се фокусира на нотите и спонтано престанува да размислува за болката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Asma Mehnana (@asmamehnana)

РЕКЛАМА

Персоналот од домот за стари лица тврди дека музиката навистина има терапевтски ефект врз пациентите затоа што кога Клер ќе си замине, тие се помирни и посреќни.

– Откако ќе си замине Клер, пациентите се во посмирена состојба, понекогаш трогнати од музиката, а понекогаш среќни. Има и моменти на солзи и моменти на радост – вели Маргарита Салдана, негувателка.

Клер одлучила да учествува во медицинско истражување што ќе ја потврди оваа теза.

Извор: Reuters

- Реклами -