9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветНа денешен ден 28 мај 1937 година, основан бил автомобилскиот гигант Volkswagen

На денешен ден 28 мај 1937 година, основан бил автомобилскиот гигант Volkswagen

На 28 мај 1937 година Владата на тогаш нацистичка Германија основала државна компанија за производство на автомобили наречена Gesellschaft zur Vorbereitung des Deutschen Volkswagens mbH.

Комплицираното долго име траело кратко и веќе истата година било сменето во поедноставното Volkswagenwerk, што во превод значи „Компанија за народен автомобил“, или подоцна едноставно Volkswagen (народен автомобил).

Седиштето било во околината на селото Фалерслебен (денес населба), кое поради фабриката наредната година прераснало во градот Волфсбург чија првична намена била сместување на работниците од фабриката. Денес седиштето е сѐ уште таму, а Волфсбург е прераснат во град со 124 илјади жители. Компанијата била водена од Германскиот работнички фронт, дел од нацистичката организација под покровителство на Адолф Хитлер.

Благодарение на автоиндустријата, денес Волфсбург е најбогат град во Германија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...