14.6 C
Ohrid
сабота, јуни 12, 2021
Почетна Македонија (Видео) Ора не смее да има на свадбите, ќе играат само зетот...

(Видео) Ора не смее да има на свадбите, ќе играат само зетот и невестата а другите ќе ракоплескаат.

Translate (Eng):[gtranslate]

Невестата и младоженецот ќе го одиграат првиот танц, но гостите нема да играат ора. Свадбите ќе се организираат само на отворено со максимум 100 гости. Но, со овие протоколи и препораки не се задоволни сопствениците на рестораните за свадби.

Еден од нив е Љуљзим Хасани. Тој вели дека новите предлог-мерки се дискриминирачки, имајќи предвид дека 80% од објектите немаат тераса.

„Ова е дискриминирачка одлука, бидејќи не ги опфаќа сите објекти кои се занимаваат со оваа дејност. Олеснување има само објектите кои имаат тераса, односно отворените објекти, а тука во нашиот регион во Тетово, има само еден и два објекти со тераса, а останатите се затворени“, посочи Љуљзим Хасани, сопственик на ресторан.

РЕКЛАМА

Хасани додава дека е апсурдно да има музика, а поканетите да не сметат да играат ора.

„Не знам дали некогаш се има организирано свадба без музика и дали тоа всушност наликува на семејна забава? Секако, очекуваме одлука која ќе биде соодветна и за нас како бизнис, и за Комисијата за заразни болести“, додаде Хасани.

Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека музика е дозволена само за отворени делови, а за затворените пак, како што најави, во следните две недели ќе бидат изготвени соодветни протоколи.

Инаку, овие препораки ги даде Комисијата за заразни болести, а за да стапат на сила се очекува да бидат одобрени од Влада.

тв21

- Реклами -