9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДоколку ги прекршите овие правила за влез во Грција казната е до...

Доколку ги прекршите овие правила за влез во Грција казната е до 5.000 евра.

Вчера беше донесена нова, заедничка министерска одлука на грчката Влада, која се однесува на одредбите за влез на странски државјани во Грција.

Според оваа одлука, која ќе важи до 7 јуни годинава, завршен е списокот со услови за влез на странски државјани во Грција.

Деца постари од 5 години сè уште треба да направат ПЦР-тест. Ново е што можат да влезат и туристи од БиХ и Република Српска, што не беше случај досега.

Формулар, вакцина, сертификати…
Списокот со услови за влез во Грција е следен:

1) Пополнет формулар PLF

Овој формулар можете да го најдете на travel.gov.gr

2) Доказ за имунизација

Овој сертификат може да биде во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина дадена во земјата, при што последната доза мора да биде примена најмалку 14 дена пред пристигнувањето во Грција.

Ако не сте вакцинирани, мора да имате негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, сепак задолжителен и за деца кои имаат повеќе од пет години. Ако сте го прележале коронавирусот треба да имате потврда дека сте биле позитивни на Ковид-19 во период од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето во Грција. Тоа се потврдува со позитивен ПЦР или антигенн тест со кој ви бил дијагностициран вирусот.

Новина во одредбата

Она што е ново е промената на забраната за влез во земјата за граѓаните на Босна и Херцеговина кои веќе влегуваат под истите услови како и оние граѓани кои претходно ја добиле таа дозвола, на пример Србија или С. Македонија.

Сепак, ништо не е променето за граѓаните на Црна Гора.

Преминот Евзони останува отворен од 7-23 часот (по грчко време).

Преминот Промахонас останува отворен цел ден.

По влезот, важат истите правила како и за грчките државјани

По влезот на грчка територија, за сите странски туристи важат истите правила и рестрикции кои се однесуваат и на грчките државјани, како што се задолжителна употреба на маска и на отворено и на затворено, забрана за движење по 00:30 часот поради полицискиот час, задолжително одржување дистанца итн.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5 000 евра.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...