15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСкендер Јусуфов или познат како Келе Змијата од Криволак ги лови змиите...

Скендер Јусуфов или познат како Келе Змијата од Криволак ги лови змиите со шепотење..

Скендер Јусуфов (48) од неготинското село Криволак, познат помеѓу народот како Келе Змијата, поради способноста со шепотење да лови змии отровници, за ,,Фокус’’

Вели дека змиите ги има во голем број бидејќи зимите сега се благи…

-Телефонот постојано ми ѕвони веќе со недели. Ми се јавуваат преплашени луѓе од сите краеви на земјава. Посебно во Тиквешијата, буквално врие од змии. Вo Кавадарци ловев змија која влегла во куќата на полицаец, домашните во паника, но бргу ја фатив. Во Неготино исто така многу граѓани ме бараа овие недели.

Змии се шетаат и на спортски игралишта, во дворови, покрај кејот, влегуваат во автомобили, викендички, куќи. И во месец јануари ги имаше. На скопјанец му влегла во стан среде зима и ме повика да ја заловам. Пред некој ден ми се јавија и од селско училиште во близина на Прилеп. Насекаде ги има – раскажува Келе.

Тој појаснува дека овој период змиите се доста лути, бидејќи биле прегладнети од зимата. Затоа и се случувало да каснат човек или куче. Токму поради топлата зима ги имало во голем број дури и во урбаните средини, а како времето се затоплувало, тие ќе излегувале помасовно.

Вистинска драма доживеало семејство од Куманово, кога завчера во соба, во нивната викендичка им влегол поскок, најот-ровната змија во Европа, која може да се сретне и кај нас.

Важи за една од нај-опасните змии поради силниот отров и долгите заби, а хемот-оксините кои ги содржи отров-от, предизвикуваат засирување на крвта.

Кога ја забележало, семејството во паника, на помош го побарало Келе, шепотачот на змии од Криволак, Неготино, кој веднаш заминал во Куманово.

-Станува збор за см-ртоносна змија, поскокот или по народски кажано, камењарка е најо-тровната на нашето поднебје. Не е многу долга, а се распознава по рокчето кое го има над носните шуплини.

Обично живее во камени предели, но може да се сретне и во лозја, камени ѕидови, а еве се случи да влезе и во соба, во викендичка.

Јас веднаш кога пристигнав започнав со мојата песна, наречена басма, со која ги скротувам и привлекувам змиите. Кога ме слушна, таа излезе, без страв ја фатив. Пријател сум со сите влекачи, не ги уби-вам, ќе ја пуштам некаде во шумски предел, да си живее, подалеку од луѓе – за ,,Фокус” појаснува Скендер Јусуфов, познат како Келе Змијата, држејќи ја без страв отровницата во рака.

Додава дека семејството му било преблагодарно бидејќи ги спасил од поскокот, а веќе денес добил нов повик, да залови змија во Гевгелија, која влегла на четвртиот кат во некој објект.

-Не знам за каква змија се работи, ми се јавија од Гевгелија, но без страв одам да ја заловам. Над 30 години ловам змии, не се случило никогаш да бидам каснат.

Сега им е сезоната, се будат, гладни се, раздвижени… Апелирам до сите кои одат во природа, до оние кои имаат викендички, да бидат претпазливи.

Доколку се случи во домот да им влезе змија, слободно нека ме побараат да ја заловам. Мене телефонот овој период постојано ми ѕвони, секој ден сум на пат – раскажа шепотачот на змии.

Неговиот телефонски број е 075 693 642, и вели дека е достапен во секое време. Порача луѓето да не ги убив-аат зм-иите доколку ги затекнат на својот имот, туку да го побараат, а тој ќе ги залови и пушти да си живеат во природа, подалеку од населено место.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...