5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваШто повеќе одите по голема нужда, толку повеќе километри може да возите...

Што повеќе одите по голема нужда, толку повеќе километри може да возите со овој автомобил.

Електрична енергија за полнење на автомобили со електрична енергија се произведува со употреба на метан добиен од пречистена отпадна вода.

Се чини како шега, но ова е многу сериозна приказна која покажува дека сè може да се користи, дури и човечки отпад. Погледнете одблизу на страната на автомобилот и ќе разберете за што станува збор … Имено, ова се класични електрични автомобили, но тие не се снабдуваат со енергија од термоелектрани или нуклеарни централи.

Компанијата „Urban Utilities“ сакаат да започнат нова голема приказна за енергијата во Бризбејн. Имено, оваа австралиска компанија избра органска суровина за својот електричен SUV погон – а тоа е измет од човекот.

Дневните физиолошки потреби на човекот, во просек, можат да произведат доволно електрична енергија за да може автомобилот да помине 450 метри. Потребни се 1.000 такви посети на тоалетот за целосно полнење на погонската батерија на возилото.
Станува збор за електрична верзија на моделот „Hyundai Kona“ која има автономија до 450 километри. Како точно работи?

Електрична енергија за полнење на ова возило се произведува со снабдување со биогас (метан) од пречистена отпадна вода до комбинирана термоцентрала во централа за пречистување на вода во близина на Бризбејн.
Повеќе од 330 000 луѓе од овој град помагаат да создадат гориво секој пат кога одат во тоалет.

Во последната година произведена е доволно електрична енергија за снабдување на скоро 4.000 домаќинства во текот на целата година.
Електричните автомобили што се напојуваат на овој начин, парадоксално, се навистина „чисти“, дека не можат да бидат „почисти“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...