15.3 C
Ohrid
четврток, јуни 17, 2021
Почетна Македонија Болницата на еден од најуспешните македонски доктори вработува ХОСТЕСИ.

Болницата на еден од најуспешните македонски доктори вработува ХОСТЕСИ.

Translate (Eng):[gtranslate]

Болницата на еден од најуспешните македонски доктори, Жан Митрев, во текот на последните години, стана една од водечките здравствени установи во земјава.

Како се зголемува обемот за работа, така установата има потреба од нови луѓе. Во нивниот последен оглас, тие бараат хостеси:

ПЗУ Клиничка Болница Жан Митрев Скопје за потребите на работниот процес објавува оглас за работнo место: ХОСТЕСА за координација на пациенти

РЕКЛАМА

Работни задачи: Координација на сите пациенти кои влегуваат во Клиниката; Спроведување на пациентите до амбулантите.

Разбирање на потребите на пациентите и нивно соодветно комуницирање со административниот кадар. Прифаќање на пациентите по завршените прегледи и нивно спроведување до пултовите за наплата.

Потребни квалификации: Завршено средно или високо образование; Познавање на англиски или албански јазик.

Други карактеристики и вештини: Одлични комуникациски и интерперсонални вештини; Љубезност, динамичност, иницијативност; Одговорност во извршувањето на задачите и проактивен пристап кон работата.

Мотивирана и стабилна личност; Флексибилност за индивидуално и тимско работење.

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација ТУКА

 

- Реклами -