15.3 C
Ohrid
четврток, јуни 17, 2021
Почетна Македонија Претседателот на БЕСА: Со секој би правел коалиција освен со ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на БЕСА: Со секој би правел коалиција освен со ВМРО-ДПМНЕ.

Translate (Eng):[gtranslate]

Претседателот на БЕСА, Биљал Касами вечерва изјави дека неговата партија на локалните избори ќе оди сама, но не исклучува соработка и со други партии.

„Планираме на локалните избори да одиме сами, но можна е соработка и со сите партии кои ќе покажат интерес. Само со ВМРО-ДПМНЕ немаме желба. За нив вратата е затворена“, рече Касами, во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Тој додал дека секоја можна соработка меѓу СДСМ и БЕСА на локалните избори, ќе биде предмет на сериозна анализа.

РЕКЛАМА

За Касами, министрите на ДУИ се смешни.

„Промовираат проекти кои не се во нивна надлежност. Проекти за кои немаат ништо направено повеќе од 15 години, и сега излегуваат на прес-конференции и ги промовираат како нивна заслуга. Тие проекти се проекти на владата предводена од Заев. На пример најавената инвестиција на Попова Шапка, патот Блаце – Скопје и други проекти се проекти на оваа влада предводена од Заев“, потенцира Касами.

- Реклами -