5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопјани преплашени: Гладни волци се шетаат во Кучково, мештаните фрлале со камења...

Скопјани преплашени: Гладни волци се шетаат во Кучково, мештаните фрлале со камења за да спасат жива глава..

Целите преплашени, раскажува младиот Кристијан, почнавме да удираме со камења и со сѐ што ни дојде при рака, но волците не бегаа и продолжуваа да вртат околу нас. За среќа, успеавме да стигнеме до автомобилот пред тие да стигнат до нас.

Наместо да уживаат во пикникот во скопското село Кучково, скопјанецот Кристијан и неговите пријатели во петокот спасувале жива глава од волци кои кружеле околу нив и се подготвувале за напад.

Како што ни раскажа нашиот соговорник, додека седеле на тревата во близина на големиот бетонски крст над селото Кучково, одеднаш биле опколени со гладни волци.

Целите преплашени, раскажува младиот Кристијан, почнавме да удираме со камења и со сѐ што ни дојде при рака, но волците не бегаа и продолжуваа да вртат околу нас.

Најпрво помисливме дека се кучиња-скитници, но подоцна им ги видовме очите и сфативме дека се волци. Не ни се веруваше дека волци ќе се симнат толку ниско, скоро до селото каде што постојано има посетители. Сум слушнал дека волци се симнувале во текот на зимата кога има снег, ама сега сме крај на мај. За среќа, успеавме да стигнеме до автомобилот пред тие да стигнат до нас – ни изјави Кристијан.

Слична случка истиот ден доживеал и велосипедистот Драган од Козле.

Тој за Плусинфо раскажа дека два волка го пречекале на асфалтот кој води кон крстот над селото Кучково.

– Скоро секој викенд одам со велосипед до Кучково, а викендов на асфалтот ме пречекаа два волка. Застанав и почнав да викам по нив, но тие не бегаа. Стоеја, ме гледаа во очи и не ме пуштаа да поминам. Одеднаш го употребив електро-шокерот и тие побегнаа. Вакво нешто првпат ми се случува, срцето ќе ми застанеше од страв – раскажува велосипедистот.

Пишува: ПлусИнфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...