10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЗабаваТамара Тодевска ќе ја тетовирала Нина Јанева, но се плашела од министерката...

Тамара Тодевска ќе ја тетовирала Нина Јанева, но се плашела од министерката Царовска..

Tекстот е сатира со цел малку да ве насмее во овие црни денови 🙂

Да имавме по еден денар за секоја ситуација кога македонска пејачка ќе го заборавеше Гоце Делчев од химната ќе имавме две денарчиња.

Што не е многу, ама сепак е малце интересно што се случило нешто вакво два пати.

Секако, првиот ваков случај беше Тамара Тодевска, а од пред некој ден и се придружи и Нина Јанева.

Во знак на поддршка за колешката со слични мемориски проблеми, Тамара Тодевска се понуди да ја тетовира Нина Јанева на своето тело.

“Мора ние да се држиме заедно. Затоа решив да ја тетовирам Нина Јанева на моето тело.

Иако, уште немам решено како тоа ќе го направам.

Би било малце чудно на моето тело да имам истетовирано цела жена, зарем не?

Или само главата?

Мислев само името да и го пишам, таму под химната, ама не оди некако, ќе испадне дека за Македонија се бореле: Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански, Нина Јанева.

 

Па после уште фали таквата тетоважа да ми ја види Мила Царовска па да воведе реформи во учебниците дека Нина Јанева се борела во 1903 против турскиот административец?

 

Не знам, многу чудна работа, ама најверојатно ќе ја тетовирам и ќе се надевам дека нема многу други пејачи да ја утнат химната, пошто ако почнам сите да ги тетовирам…. или замислете па XXL да ја утнат химната? Па на сите четири имињата да им ги пишувам?

Не знам, зезната работа испаѓа се ова…” – изјави некоја жена за нашиот вебсајт додека ја чекавме Тамара Тодевска за интервју.

Сатиричниот текст е од :Koперација

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...