14.6 C
Ohrid
сабота, јуни 12, 2021
Почетна Македонија Шилегов: Што ме мислите мене дека јас сум ФАРАОН, и дека можам...

Шилегов: Што ме мислите мене дека јас сум ФАРАОН, и дека можам да изградам пирамиди за време на мојот мандат.

Translate (Eng):[gtranslate]

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека не практикува во политиката да употребува популизам, во одговор на новинарско прашање околу капиталните проекти реализирани за време на неговиот мандат.

-Мислењето дека кој било градоначалник треба да гради капитални проекти е фараонско размислување. Ние не сме фараони да градиме пирамиди во своето владеење, ние сме градоначалници избрани да раководиме со градот, истакна Шилегов.

Градоначалникот додаде дека денешниот договор за басрапид транзитот е корисен за иднината на градот Скопје.

РЕКЛАМА

-Одговорните институции за поништување на постаментот на споменикот на Мајка Тереза се Општина Центар и Министерството за култура, изјави градоначалникот на Град Скопје, во одговор на новинарско прашање и истакна дека потребно е да се поништи маркицата за постаментот или да се утврди отколонувањето параметри што се дадени во Деталниот урбанистички план.

Шилегов истакна дека се работи за национален проект, а дејствијата треба да ги преземе Министерството за култура.

-За мој вкус тоа трае долго и затоа мислам дека можеби има определени резерви на носење соодветни акти, истакна Шилегов.

Тој додава дека според него постои општ консензус, кога е во прашање споменикот на Мајка Тереза, бидејќи е улица преку која има пристап до плоштадот.

- Реклами -