9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВУЧИЌ: Сакаат да го признаеме Косово и да завршиме како Заев со...

ВУЧИЌ: Сакаат да го признаеме Косово и да завршиме како Заев со Преспанскиот договор!

spot_imgspot_img

За евентуално признавање на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека не сака да завршат како македонскиот премиер Зоран Заев со Преспанскиот договор и да не добијат ништо.

Вучиќ во интервју на ТВ Хепи во емисијата „Кирилица“ рече дека признавањето би било само добра новинарска приказна, а Србија нема да добие ништо.

„Слушнав од еден официјален кинески претставник дека не е се поврзано со Косово, туку дека преку Косово сакаат да ја урнат цела Србија. Тоа не е далеку од вистината, иако ќе зборуваат дека најмодерните и најдобрите политичари се тие кои со воодушевување ќе ја прифатат независноста на Косово, а Србија да не добие ништо, само убава приказна за весници, па да завршиме како македонскиот премиер Зоран Заев со Преспанскиот договор“, рече Вучиќ.

Вели дека Србија е под притисок од Европската унија и Соединетите Американски Држави да го признае Косово

Со овој пијалок, стомакот ќе исчезне преку ноќ и трикот е во…
Sponosored by MonadPlug
Потоа додаде дека секогаш се смее кога ќе слушне дека демек мала земја како Бугарија ја блокира Македонија во ЕУ.

Тој стравува дека Грција наскоро може да го признае Косово, затоа што ги издигнуваат односите на едно повисоко ниво.

Дијалогот меѓу Косово и Србија наскоро продолжува.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...