11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Имаме 17% вaкцинирани лица, подобри сме од некои земји од ЕУ

Заев: Имаме 17% вaкцинирани лица, подобри сме од некои земји од ЕУ

Претседателот на Владата г. Зоран Заев во гостувањето на Клан Македонија изјави дека таргетот на државата е да има 1,3 милиони вакцинирани граѓани.

-Во моментов имаме 17 проценти вакцинирани од таргетот, но да имаме во предвид дека ние почнавме да вакцинираме кон крајот на април, а другите уште од Нова година.

Децата засега нема да ги вакцинираме, па затоа нарачавме 2,6 милиони дози. Верувам дека сме подобри од некои земји во ЕУ, имајќи предвид дека Западен Балкан најдоцна доби вакцини, потенцира Заев.

 

 

Но сепак премиерот не зборува за бројката на починати лица од почетокот на пандемијата до сега.

Дали и таа бројка е подобра од многу земји од ЕУ?

 

 

Северна Македонија и во јануари годинава, според статистиката на новинската агенција Франс Прес, беше петта во светот според смртноста од Ковид-19 на 100,000 жители. Друштво и правеа уште четири европски држави.

Според најновите објавени податоци, пак, во изминатите седум дена, поголем број на смртни случаи имало во Унгарија – 158 случаи на милион жители и во Босна и Херцеговина.

 

За нијанса помала смртност од С. Македонија има во Бугарија со 108, Полска со 94 и Словачка со 93 смртни случаи на милион жители. Хрватска е на седмо место со 72 смртни случаи.

Ние како земја го дочекавме и третиот бран на коронавирусот со голема стапка на смртност и земјата се најде високо на листата во регионот во месец април.

 

 

Во текот на април дневната бројка на починати надмина над 50 лица.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...