3.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаКумановката Призенка: Живееам под кирија со моите две малолетни девојчиња, кога ќе...

Кумановката Призенка: Живееам под кирија со моите две малолетни девојчиња, кога ќе имаме повеќе пари јадеме попара со кисело млеко, но кога немаме живееме само со макарони.

Призренка Мишиќ која има епилепсија и е самохрана мајка заедно со нејзините малолетни ќерки  пет години живее во оваа куќа во Куманово, која од секаде тече вода и тоне во влага, но не се жали од лошите услови, поради кои и здравјето и е влошено.
Преплашени и збунети од текот на нивниот жовот, чекаат во последен миг некој да ги спаси од лоша судбина.Човекот кој им дозволил да живеат тука ќуката ја продал.
Нивниот живот е полн со солзи ,но и верба дека нема да се разбудат под отворено небо и дека конечно ќе и затворат врата на неизвесноста и влагата која ја има насекаде во куќата од која за еден месец треба се иселат.
„Живеам тука веќе две години, со две ќерки, боледувам од епилепсија, имам проблем со оџак ми тече многу. Од тука треба да си одам во март, немам каде да одам со двете деца“ – вели Призренка Мишиќ.
Призренка Мишиќ живее од постојана социјална помош, детски дотаток и од нега за трето лице, со дваенаесет илјади преживува колку што може. Вели дека животот никогаш, не ја насмеал, дошла од Лесковец и се омажила тука, но сопругот бил алкохоличар и ја малтретирал, морала да се разведе и да се соочи со сите предизвици кои постојано ја изненадуваат. Алиштата што ги носи и се дадени од хумани граѓани а со секој останат денар сака да им купи храна и по едно палто на своите ќерки за да не бидат исмејувани од своите другарчиња, за жал до сега не биле никаде на одмор дури ни во Охрид, но колку да изгледа живото тежок има некогаш и што да се направи, таа се моли само за здравје, за нејзините ќерки да не останат сами..

Призренка Мишиќ повторно преку Шило Магазин ги замолува хуманите граѓани да им помогнат со облека и храна..

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...