9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: За српските туристи нема бесплатна патарина кон Охрид за да не...

Мицкоски: За српските туристи нема бесплатна патарина кон Охрид за да не го видат срамот со автопатот

Ќе ве потсетам на нивните епохални епски ветувања од типот 600 километри автопатишта и експресни патишта 550 километри магистрални и регионални, 1.000 километри локални патишта итн. Но, каква е реалноста? Автопатот од Скопје кон Блаце каде што првиот дел е ни помалце ни повеќе од два километри, цели четири години не се способни ниту да го тампонираат, а камо ли да го изградат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

– Кога зборуваме за автопатот Кичево – Охрид освен тоа што вредноста со анексите од 411 стигна до 800 милиони евра, буквално немаме никаква теренска активност, иако ќе го слушнете сегашниот Бочварски и претходникот негов Сугаревски како велат дека имало 600, 700, 800 работници, имало 300, 400 машини итн. Еве овој викенд баш патував по тој пат, бев во Охрид, имавме определена обука заедно со пратениците и навистина не можев да ги видам тие стотици машини, тие стотици работници по автопатот Кичево – Охрид. Се сеќавам на една епохална лага на една ТВ дебата на тогашниот министер Сугарески, која што му ја кажа на професорот Славески мислам дека таа беше дебата во 2018-тата или 2019-тата година, кој што рече есента 2019-та ќе возиме по автопатот Кичево – Охрид. Но, за жал не само што не возиме по автопатот туку десетици човечки животи останаа за навек по оној стар, искршен, и руиниран пат кој што го користат македонските граѓани. А, нели сега ни доаѓа туристичката сезона, па повторно најдоа иновативен лек од Владата, наместо туристите кои што доаѓаат од кај нашиот северен сосед да ги ослободат за патарина кон Охрид, тие рекоа да не го гледаат срамот, да не ја гледаат бруката по тој пат што возат, па одлучија кон нашиот јужен сосед да ги ослободат со патарина, рече Мицкоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...