13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПовеќе од една година нема рочиште за случајот за смртта на малата...

Повеќе од една година нема рочиште за случајот за смртта на малата Тамара

Повеќе од една година не е одржано судско рочиште за смртта на малата Тамара од Велес, алармираат од Коалицијата “Сите за правично судење”.

-Предметот под кодно име „Комисија“ за малата Тамара Димовска каде 11 лица се обвинети за кривичното дело „Несовесно работење во службата“ се води 2 години и 11 месеци во скратена постапка.
По овој предмет повеќе од 1 година нема одржано рочиште за главна расправа пред Основниот кривичен суд во Скопје, велат од Коалицијата.

Според последните јавни податоци предметот се наоѓа во Апелација по жалба на единствената осудена во случајот, која доби условна казна во одвоена постапка. Претходно случајот беше при крај, но судијата Марин Станевски се повлече бидејќи еден од лекарите лекувал негов близок роднина. Откако предметот беше доделен на нов судија, требаше и да почне од почеток.

Девојчето почина во 2015 година, а претходно боледуваше од сколиоза и нејзиното семејство бараше државата да и овозможи лекување во странство.

Fokus

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...