6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваПоранешниот директор на АЕК, скршен од болка: Агнеса јас ќе продолжам по...

Поранешниот директор на АЕК, скршен од болка: Агнеса јас ќе продолжам по својот пат, ти благодарам за преубавите 19 години што ги поминав со тебе…

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски и неговата сопруга Агнеса Органџиева, имаа Холивудска брачна драма.

Тој на необичен начин на Фејсбук, со јавен статус објави дека се разведува од својата сопруга Агнеса. Оваа информација, тој ја сподели нарекувајќи на Агнеса „фотошоп барбика“..

Тој рече дека Агнеса се оладила од него оти веќе не е директор. Поводот за објавата беше роденденот на неговата ќерка.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка ѝ, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка.

Има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила.

Најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директори не е во можност да ѝ ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.

Голема благодарност до персоналот на хотел ‘Молика’, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен.

Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома. Тоа е тоа, одиме понатаму“, напиша Орданоски на Фејсбук сношти.

По ова се огласи и Агнеса со изјава за „Фокус“. „Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи!

Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, тие се во период кога растат, созреваат.

Нивни другарчиња ја читаат објавата, стравувам дека ова ќе остави трајни последици врз моите деца, кои во никој случај не заслужија да бидат во оваа ситуација“, изјави за „Фокус“ Агнеса.

Таа додала дека со Ордановски се во брак 18 години и проблемите треба да ги решат меѓу нив, цивилизирано, а не јавно.

Се чини дека сега тие и официјално ја завршија својата врска, својот брак, на цивилизиран начин. Роберт Ордановски синоќа на социјалните мрежи напиша:

„Конечно заврши повеќемесечната сага… Агнеса Органџиева, ти благодарам за 19те прекрасни години и за принцезите што ми ги роди, ти посакувам се најдобро во животот… А јас, јас продолжувам по својот пат“, напиша Ордановски на социјалните мрежи.Нема достапен опис

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...