13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСинот на Амди Бајрам: Како сум ги ''зафркнал'' новинарите, скутерче му купив...

Синот на Амди Бајрам: Како сум ги ”зафркнал” новинарите, скутерче му купив на синот за роденден, а не бело Порше….

Секој може да згреши, еве тоа им не се случи на многу новинари од познати медиуми, кои побрзаа да објават вест, без да проверат за што се работи. На син ми Валентин за 20-от роденден му купив моторче, а не скап автомобил Порше, како што објавија. Ако тој на социјалните мрежи има фотографија покрај Порше, не значи дека тоа е подарокот, но ете, избрзале и се ,,лизнале” – за ,,Фокус” раскажува Габриел Бајрам, претседател на Сојуз на Роми, и син на починатиот пратеник Амди Бајрам.

Тој појаснува дека објавил честитка за роденденот на синот во која му пишува да не го вози роденденскиот подарок побргу од 150 километри на час, бидејќи се грижи за неговата безбедност, а многумина поради насловната фотографија на Валентин, каде тој стои до скапиот автомобил, си протолкувале дека тоа е подарокот.

-Минувам со цело семејство низ доста тежок период. Опериран сум од тумор, пред пет дена се вратив од болница, сега закрепнувам. Затоа и сакав малку да го расположам синот, со подарокот. Ни се случија доста лоши работи изминатиот период, здравјето и слогата се најважни во животот. Се надевам дека бргу ќе застанам на нозе, а на тие кои избрзаа со непроверената вест да им порачам дека не им се лутам, луѓе се, грешат, но мора да бидат и професионалци во иднина, да проверат вест пред да ја објават – вели Габриел.Нема достапен описНема достапен опис

Fokus

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...