11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаНаместо алиштата да ги фрлат на соодветно место, или да ги донираат,...

Наместо алиштата да ги фрлат на соодветно место, или да ги донираат, тие ги фрлаат во реката Драгор.

Во речното корито на реката Драгор може да се види се и сешто. Тука се фрла разновиден смет од автомобилски гуми до износени алишта. И самите граѓани велат дека ваквата состојба се должи на ниската свест и култура на тие кои тука го фрлаат ѓубрето. Бараат засилени инспекциски контроли откако несовесните граѓани почнаа да се фалат низ социјалните мрежи како го фрлаат ѓубрето во драгорот. Ова видео наиде на лавина негативни коментари, некои низ шала кажуваат дека можеби ги перат алиштата.. но за жал ситуацијана на терен е алармантна.

Некои сметаат дека на оние кои фрлаат ѓубре таму каде не му е местото им недостига еколошка едукација.

Неодамна група професори од Битола покренаа иницијатива на реката Драгор да се населат гуски и пајки, како и да се изградат специјални места за нивно набљудување. Но се додека не се подигне еколошката свест тешко дека тука ќе има услови за нивно одгледување.

Во продолжение погледнете го видеото:

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...