9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаСветСојот на птичји грип "H10N3" во Кина прв пат преминал на човек

Сојот на птичји грип “H10N3” во Кина прв пат преминал на човек

spot_imgspot_img

Во кинеската покраина Јиангсу е потврден првиот случај на зараза со птичји груп H10N3 кај човек.

Станува збор за 41-годишен маж, а кинеските здравствени власти наведуваат дека ризикот од ширење со големи размери е низок.

Заразениот маж е од градот Жеинјианг, а во болница отишол на 28-ми април откако добил висока температура. Еден месец подоцна му бил дијагностициран птичји грип од сојот H10N3, соопштила кинеската здравствена комисија. Не е објавено како се заразил.

Не многу сериозен сој
Никој од неговите контакти не е заразен, а мажот за време на престојот во болница бил во стабилна состојба и ќе биден пуштен дома. Комисијата додала и дека H10N3 е слабо патоген, односно помалку сериозен сој на вирусот кој се наоѓа кај птиците.

Инаку, во Кина се присутни некои соеви на птичји грип и повремено е случува некој кој е во контакт со птица да се зарази. Откако сојот “Х7Н9” усмртил околу 300 луѓе во текот на 2016-та и 2017-та година, немало значаен број на човечки инфекции со птичји грип.

Досега во светот не е забележан ниеден друг случај на премин на сојот H10N3 на човек, велат од комисијата, а пренесува “The Guardian”.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...